Македонија

Честитка од Венко Филипче до верниците за Божиќ: Посакувам мирни празници и праведно општество

Честитката на Филипче е дел од традиционалните празнични пораки на политичките лидери по повод Божиќ, нагласувајќи вредности на мир, толеранција и семејно единство.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи им на верниците мирни и весели празници.

„Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка Мир Божји и Христос се роди! Посакувам мирни и весели празници на сите верници кои овој празник денеска го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, најблиските, да се покаже почит и грижа. Посакувам денот да помине мирно, а мирот во овие турбулентни времиња ни е потребен за да можеме да продолжиме да го градиме општеството да биде праведно, толерантно, слободно“, изјави Филипче по свечената божествена литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тој посака сите заедно да градиме општество во кое никој нема да биде дискриминиран.

„Ние во минатото имплементиравме политики кои граѓаните вистински можеа да ги осетат, да живеат подобро, побезбедно, побогато, младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики кои доликуваа на развиени општества, во кои никој нема да се чувствува помалку вреден без разлика дали станува збор за етничка, национална, верска, културна, полова или сексуална ориентација“, рече Филипче.

На личен план, Филипче сподели дека паричката за Бадник во неговото семејство паднала кај синот.

Честитката на Филипче е дел од традиционалните празнични пораки на политичките лидери по повод Божиќ, нагласувајќи вредности на мир, толеранција и семејно единство.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top