„Граѓаните на Унгарија го кажаа својот збор, а нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги цениме силните двострани односи, изградени со текот на годините. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка, заснована врз заемно почитување, партнерство и нашата заедничка европска иднина.“ – напиша македонскиот министер за надворешни работи Муцунски на мрежата икс.