Македонија

Четириесет македонски деца минале пекол на 40 степени заради полски инспектори

Додека возачите барале решение децата доживувале пекол без храна, вода и информации

Четириесет македонски деца членови на фолклорен ансамбл минале пекол на 40 степени заради полски инспектори кои немале милост за децата од Македонија.

Инцидентот се случил пред 4 дена во Полска во близина на градот Вроцлав каде што младите играорци патувале на фолклорен фестивал.

На 30 јуни 2025 година, автобус со над 40 македонски деца, учесници на фолклорна турнеја во Вроцлав, Полска, бил запрен од полската транспортна инспекција околу 11 часот претпладне.

Наместо рутинска контрола по која децата требало да продолжат, следувала шестчасовна агонија, која завршила со казна од 3.500 евра и траума за децата, велат родители на децата.

Според изјавите на возачите и родителите, полските инспектори барале знак дека во автобусот има деца, односно автобусот да биде означен дека вози млади луѓе.

Возачите кои не возат прва пат деца во Полска не можеле да го продолжат патот пред да набават знаци за автобусот по што морале да се упатат да ги купат од друг град.

Тие побарале број од такси или асистенција — но полските инспектори грубо им рекле да се снајдат сами.

Возачите биле принудени да стопираат возила и така да стигнат до градот каде што купиле значи дека во автобусот има деца.

Во тој период, децата биле оставени сами, некои останале во автобусот на летна горештина, други надвор на ветер или во студен ходник, каде седеле на подот без храна, вода или информации.

Инспекторите не покажале ни најмала грижа или емпатија, тврдат родители на децата.

Кога шоферите се вратиле со потребниот знак, наместо ситуацијата да биде разрешена, следувале нови барања за документи и произволна парична казна која морала да биде платена, тврди Т. В. еден од родителите на децата.

За ситуацијата да биде надмината помогнал македонскиот амбасадор во Варшава Јасмин Ќахил кој веднаш се упатил кон местото на инцидентот и успеал да ги убеди полските инспектори да им дозволат на децата да продолжат кој целта.

Децата се веќе вратени дома во Македонија но дел од нив се уште имаат траума од шест часовната агонија во која се соочиле со огромен стрес и страв.

 

Најчитани статии

 

Фрчкоски откри дека екс премиерот Ковачевски барал инвалидска количка за болната сопругата во Обединетите Нации (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top