Македонија

Читаат ли на Бихаќка што им пишуваат во коментари (СТАТУС НА НЕДЕЛАТА)

Масовни негативни коментари на статусот на Бихаќка

Лауреат на статус на неделата е СДСМ кои со објава во која се вели дека Груевски и Мицкоски останаа без Орбан и дека доаѓа време за одговорност!

Во коментарите на статусот на СДСМ може да прочитате што мислат луѓето за овој став на Бихаќка.

Досега не се случило на партиска објава на профил на кој вообичаено можат да коментираат само луѓе блиски на СДСМ да има толку многу негативни коментари.

Што ги испровоцира коментаторите:

,,Поразот на орбан и историската победа на Тиса и Петер Маѓар во Унгарија носи крај на долгогодишен срам за Македонија.

Никола Груевски, осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, повеќе нема заштитник во Будимпешта.

Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан, кој го штитеше од правдата.

Со падот Орбан, Груевски ќе мора да избере дали ќе побегне во Русија или новата унгарска влада ќе го испорача на Македонија за да ја отслужи казната.

А што ќе биде сега со Христијан Мицкоски?

Неговиот шеф во Будимпешта остана без заштитник, а ВМРО остана без клучниот сојузник.
Груевски мора да се врати и да одговара.

Идниот премиер на Унгарија, Маѓар, јавно соопшти став дека е подготвен да ги испорача сите бегалци од правдата.

Бидејќи ЗНАМ веќе му честитше, Филков од ЗНАМ да не чека, уште утре да побара екстрадиција на Груевски.

Правдата, колку и да доцни, на крајот мора да стигне.

Груевски и Мицкоски останаа без Орбан сега доаѓа време за одговорност!

Време е за Европа. Време е за правда”.

Што пишува во коментарите на линкот:

https://www.facebook.com/share/p/1CEVoqBuMw/

Најнови вести од: Македонија

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

To top