Македонија

Чучуљ: Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основа

„Секогаш треба да се има предвид дека Државната комисија за спречување на корупцијата е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во врска со истрагата. Ние во нашиот дел секогаш постапуваме.“ – истакна новиот претседател на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ како одговор на повикот, што го упатија до него пред три дена „антикорупционерите“ од СДС „веднаш да се зафател со случајот“, за кој оваа партија тврди дека е „корупциски скандал тежок девет милиони евра, поврзан со власта“. Ставот на Чучуљ е и негово позиционирање во врска со најавите на опозициската СДС дека од утре ќе објавува „снимки за коруптивното работење на власта“.

„Ја поздравуваме секоја иницијатива било да е од политичка партија, здружение на граѓани, медиуми за борба против корупцијата. Ќе ги следиме сите јавни настапи било на медиумите, опозицијата или власта и секаде каде има основа за наше постапување, ќе постапуваме.“ – изјави Адем Чучуљ.

Во однос на тоа дали има потреба да се ревидираат предметите на претходната претседателка на ДКСК Чучуљ е на став дека нема потреба од такво нешто, затоа што сите одлуки на Комисијата се усвојувале на јавни седници и со мнозинство гласови. Околу распределбата на предметите, Чучуљ појаснува дека таа се врши по електронски пат и оти претседателот на Комисијата нема никакво влијание. Вели дека овој систем на распределба ќе го продолжи и тој како претседател.

– Сите одлуки на Комисијата се донесуваат на јавни седници согласно законот и истите се објавуваат на веб страницата. Сите одлуки се донесени и со мнозинство во мандатот на претходната претседателка така што во тој дел немам дилеми дека има простор за злоупотреба. Во однос на распределбата на предметите уште постеснено е влијанието на било кој во Комисијата од причина што согласно Деловникот за работа предметите се распределуваат електронски врз основа на приципот на ротација. Токму претходната претседателка го смени начинот на распределба на предметите во позитивна насока, не по азбучен ред како што беше, туку по случаен избор што значи системот ги распределува предметите, не постои никакво влијание на претседателот во тој однос, подвлече Чучуљ.

За неговиот избор за претседател на Комисијата и едногласната поддршка од сите пратеници, Чучуљ вели дека тоа го чувствува како морална и професионална одговорност да ја оправда довербата со работа. Тој најавува поголема транспарентост кон медиумите иако вели дека и досега Комисијата била транспарентна затоа што сите нејзини седници биле јавни и имало дел за прашања и предлози. Новина, како што најавува, ќе биде тоа што после една или две седници, Комисијата ќе свикува брифизи со новинарите, а во подготовка е и нова стратегија за основи со јавноста.

MИА

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top