Македонија

Д-р Лилјана Ристевска избрана за претседател на „Црвениот крст“

Изборот претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст

 

На конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст на Република Македонија, за претседател на организацијата за новиот четиригодишен мандат е избрана д-р Лилјана Ристевска. Со оваа одлука таа станува првата жена претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, соопштуваат оттаму.

Изборот на Ристевска претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст.

„Со повеќе од две децении искуство во организацијата – како волонтер, претседател на Општинската организација на Црвен крст во Битола и актуелен потпретседател на Националното здружение, Ристевска ја презема оваа задача со визија за модерен, посилен и поотворен Црвен крст, подготвен да одговори на современите хуманитарни предизвици.

Во новиот мандат фокусот ќе биде ставен на зајакнување на волонтерството и членството, развој на локалните организации, унапредување на хуманитарните услуги, транспарентно управување и зајакнување на партнерствата во земјата и во рамките на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина“, се вели во соопштението на Црвениот крст на РМВ.

Изборот на првата жена претседател од осамостојувањето на Македонија претставува важен чекор кон натамошно унапредување на еднаквите можности и лидерство во хуманитарниот сектор, а истовремено продолжување на мисијата на Црвениот крст – да им служи на луѓето со хуманост, непристрасност и солидарност.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top