Македонија

Д-Р Александар Јовановски победник во Кичево

Далеку поголема предност пред кандидатите на НАИ, ВРЕДИ и СДСМ

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Александар Јовановски синоќа се огласи по големата победа во Кичево.

Кичево со ова докажува дека сака промени за подобра иднина!
Ви се заблагодарувам на сите за беспрекорната поддршка и одличен резултат!
Очекувам огромна поддршка во вториот круг! – објави тој на социјалните мрежи.

По преброените 87,35% од гласовите, според ДИК, кандидатите на партиите и коалициите освоиле: 

ВМРО-ДПМНЕ – 7.380

ДУИ – 5.044

ВРЕДИ – 3.552

СДСМ – 1.434 , објави Телеграфи.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top