Македонија

Д-р Лазаров: Ај ако не во оваа држава само за Македонците казни и даноци да има

Специјалистот по гинекологија и акушерство реагира за протестите на Ромите за одземените возила поради возење без дозвола

Доктор Ненад Лазаров, специјалист по гинекологија и акушерство, реагира за протестите во неколку македонски градови за одземените возила поради управување без возачка дозвола.

Па ај ако не у оваа држава само за Македонците казни и даноци да има.

Све некој е обесправен у земјичкава на етничка основа, со сила малоумни се праат, истата земја што очигледно не ја сакате, ама да ја почитувате мора!
Сите ние останатите без оглед на етникум сме заложници на сите вас што испрофитиравте на национализам и не поминува веќе, пошто никој не е обесправен на етничка основа туку сите сме обесправени на секоја основа.
Овие дивљациве без таблици колите, без возачки – протести праат зошто ги казниле, уште и гуми палат и улици затвараат, оној Села у Чаир поише камери имало од на друго место…
Земете стрпајте све тоа у затвор и да продолжиме со сериозните проблеми“, порача тој во објавата на Фејсбук што предизвика големи реакции.
Во следниот пост Лазаров се осврнува и на (пре)скапата процедура за вадење возачка дозвола за македонски услови.

Околу 600 евра е патот до возачка дозвола, сумата е проблем за 80% од народот, апсурдно е толку да чини нешто што е ‘основно’ човеково право во 21 век.

Возачката дозвола треба да ја ставиме како во Америка дел од средношколското образование да биде, зошто вака не е фер за никого“, смета тој.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

To top