Македонија

Да го вратиме достоинството на Скопје – градоначалниците со силно ветување

Да покажеме дека Скопје знае, може и мора подобро! Скопјани заслужуваат

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со дел од колегите од скопските општини.

-Со пријателско кафе и искрен разговор со моите драги колеги и пријатели, го продолжуваме патот што го започнавме пред четири години – пат на работа, посветеност и верба за подобро утре за нашиот народ. Скопје нѐ чека! Го чека обнова.  Го чека напорна работа, одлучност и луѓе кои нема да се штедат за неговата иднина. Време е да му го вратиме достоинството на нашиот главен град. Ние сме подготвени!, објави Ѓорѓиевски.

Додаде дека ќе го водат Скопје со чест, со љубов, исправени и со чист образ.

– Да покажеме дека Скопје знае, може и мора подобро! Скопјани заслужуваат, вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top