Македонија Свет

Да немате право да се именувате себе си и да го зборувате вашиот јазик е мек геноцид

Да зборуваш значи да постоиш! Ова е мотото на годинешното собрание на ЕФА фокусирано на јазичните права и јазичната правда. Македонскиот јазик треба да се заштити и да стане дел од листата на малцински јазици во ЕУ, се вели во заедничката декларација на ОМО Илинден-Пирин од Бугарија и Македонската алијанса за европска интеграција од Албанија […]

Да зборуваш значи да постоиш!

Ова е мотото на годинешното собрание на ЕФА фокусирано на јазичните права и јазичната правда.

Македонскиот јазик треба да се заштити и да стане дел од листата на малцински јазици во ЕУ, се вели во заедничката декларација на ОМО Илинден-Пирин од Бугарија и Македонската алијанса за европска интеграција од Албанија која беше презентирана на собранието на Европската слободна алијанса (European Free Alliance – партија која се бори за правата на малцинставата во Европа) што се одржа во Нант, Бретања, Франција, пренсе МКД.МК

„Европа е дом на милиони граѓани кои зборуваат различни јазици и дијалекти кои моментално не се признати во ЕУ. За да не го изгубиме јазичното наследство на Европа, треба да се фокусираме не само на признавање на овие јазици, туку и на зачувување, негување и славење“, рече во своето обраќање претставникот на ОМО Илинден-Пирин и на МАЕИ.

МКД.МК пренесува дел од неговото излагање.

Одбраната на правото на активно користење на овие мајчини јазици во институциите на ЕУ е еден од првите чекори. Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди македонскиот јазик да биде на листата, заедно со бретонскиот, каталонскиот, галицискиот и други јазици.

Македонскиот е мајчин јазик на македонските малцинства  во земјите-членки на ЕУ (Бугарија и Грција) и во земјите-кандидатки (Албанија), како и во многу заедници на емиграцијата низ ЕУ.

Бугарија го негира постоењето на своето македонско малцинство и активно работи на негаторската политика кон Македонија како земја-кандидат и кон Албанија поради нејзиното македонско малцинство.

Бугарија води етнички насочена политика со дистрибуција на пасоши во Албанија, создава ново, бугарско малцинство и врши асимилација на Македонците, со притисок да се идентификуваат како Бугари во замена за државјанство на земја членка на ЕУ, правна сигурност и економска мобилност.

Ова е оркестрирано и преку формирање на бугарско здружение во Албанија кое соработува со бугарската амбасада за да ги подготви економски ранливите Македонци, сместени главно во Мала Преспа (еден од најнеразвиените делови на Албанија), за да добијат бугарски-европски пасоши, кои потоа ги користат како средство за влијание против нив. На пример, на денот на пописот тие им се закануваа на Македонците во Албанија дека нема да можат да добијат бугарски пасош ако не се изјаснат како Бугари. Поради тоа што зборуваше против ова и нелегитимноста на пописот, лидерот на македонската политичка партија и поранешен член на албанскиот парламент се соочи со огромен медиумски и правен напад поддржан од бугарската влада.

Во Бугарија на Македонците и натаму им се оневозможува да регистрираат било каква организација, без разлика дали е културна, јазична или политичка. Бугарските институции и политичари продолжуваат да го отфрлаат секој обид од македонското малцинството да почне дијалог и покрај сите препораки од институциите на Советот на Европа во Стразбур.

По 14 изгубени случаи во Европскиот суд за човекови права, Бугарија и натаму одбива да регистрира македонска организација или партија во Бугарија, За Софија нема етничка припадност и потреба од промовирање или зачувување на она што го сметаат за вештачки идентитет. Нивното постоење е неуставно и антидржавно, велат бугарските власти. Накратко, постоењето на Македонците во Бугарија е антибугарско.

Неможноста од регистрација за Македонците во Бугарија не е само формалност. Тоа значи дека Македонците не можат рамноправно да учествуваат во политичкиот живот, не можат да аплицираат за грантови од ЕУ…

Сакаме ова прашање да се реши и членовите на EФА да нè поддржат во тоа да бидеме наведени како „етничко македонско малцинство“, а не како „словенско малцинство“ или „северно македонско малцинство“.

Европската комисија треба да го испита третманот на македонските малцинства во Бугарија, Албанија и Грција.

Да ви се одземе правото да се именувате себе си, да го зборувате вашиот јазик и да го пренесувате на следната генерација е форма на мек геноцид. Тоа е бришење на еден народ преку несмртоносни, софистицирани средства.

Ве повикувам да го поддржите овој предлог – не само за Македонците, туку и за секоја заедница чиј глас е замолчен. Да се ​​зборува значи да се постои. Да го направиме тоа реалност. Да направиме простор за секој глас“.

Најнови вести од: Македонија Свет

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат кази за прершителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

МВР со детали: Како е откриено местото каде судијата Ристов криел 350.000 евра?!

На 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино. На првиот кат, во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка, во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти од по 500 евра и 225 банкноти од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Орбан: Со Европа управува „германската воена тројка“ Лаен-Мерц-Вебер!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „предводена од германската воена тројка“, мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, јавуваат унгарските медиуми.

Вреди: Судијата Ристов беше дел и од судските одлуки, што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани.

МВР предупредува: Не отворајте лажни смс-пораки, наводно од „Безбеден град“, не давајте лични податоци!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Лаен: САД ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, но ние ќе им одговориме непоколебливо!

Осврнувајќи се на случувањата околу Гренланд претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека ЕУ ги смета Американците не само за сојузници, туку и за пријатели, дополнувајќи дека „но тие ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, од која корист би имале само противниците на Унијата и САД“. – Затоа, нашиот одговор ќе биде непоколеблив, обединет и соодветен. Мора стратешки да пристапуваме кон ова прашање. Затоа работиме на пакет за поддршка на безбедноста на Арктикот, рече Лаен.

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Грендланд и порача: „Нема враќање назад“!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

To top