Македонија

Дали денешната средба на косовското Ветвендосје на Албин Курти со Албанци во Скопје е најава дека ќе ги прошири активностите и во Македонија?!

Веќе 14 години во оптек е идејата, поточно намерата на Албин Курти, доскорешен премиер на Косово, и актуелен лидер на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) да отвори свој огранок, или центар, и во Македонија. Засега нема поблиски информации дали би можело наскоро таа идеја и намера да се реализира, со тоа што партијата на Курти би го проширила своето политичко дејствување и на територијата на Македонија. Инаку, Ветвендосје одржува блиски контакти и тесна соработка со коалицијата Вреди.

Косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) ќе одржи собир со Албанците во Скопје, во Албанскиот театар, денеска, на 25 декември, со почеток во 20 часот. Глаук Коњуфца, доскорешниот претседател на Собранието на Косово, како претставник на Ветвендосје ќе се сретне со Албанците. Ова го објавија официјалниот фејсбук-профил „Ветвендосје – С.Македонија“, но и информативните портали на албански јазик „Фол“ и „Зиртаре“.

Порталите наведуваат: Според најавата, целта на средбата е заеднички разговор со граѓаните и да се претстават ставовите на Движењето за  прашања од интерес за Албанците во С.Македонија. Организаторите ги поканија сите заинтересирани да учествуваат.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top