Македонија

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

Новиот претседател вети чесна и одговорна работа во интерес на сите скопјани

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје на локалните избори, Даме Димитровски, е избран за претседател на Советот на Град Скопје.

Димитровски беше предложен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со советничката група на ВЛЕН има мнозинство во Советот.

„Ова не го сметам само за функција, туку и за доверба која ја добивам од вас како избрани претставници од сите жители на Скопје кои очекуваат да видат институција која ќе работи чесно, одговорно и во интерес на граѓаните. Ќе бидам претседател на сите советници во Советот без разлика на нивната политичка припадност. Ќе бидам и глас на разумот и посредник на дијалогот кога тоа ќе биде потребно. Ќе бидам гаранција дека градското собрание ќе ја врати довербата на граѓаните“, порача Димитровски по изборот.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top