Македонија

Даути: Освоените 10 општини се 10 печати на легитимитетот на Вреди како претставник на Албанците, кои ја казнија ДУИ, оти ја злоупотреби власта!

Во својата објава на фејсбук заменик-директорот на Царината на Македонија Мустафа Даути нагласува дека „целосен пораз доживеа и Националната алијанса за интеграција – коалицијата на ДУИ и Ахмети со двете крила на Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Арбен Таравари“. „Конечно, Села и Таравари како двајца лекари ѝ помогнаа на ДУИ да замине од клиничка во биолошка смрт. Вреди се бетонира како единствена опција што работи пред да ветува, која дејствува пред да биде доцна.“ – посочи на општествената мрежа Мустафа Даути.

„Освоените 10 општини се 10 печати на легитимитетот на Вреди како претставник на Албанците!“ – објави на својот фејсбук-профил заменик-директорот на Царината на Македонија Мустафа Даути. Истакнувајќи дека „победата на Вреди е двојна победа за Албанците“, тој алудираше и на поразот на Националната алијанса за интеграција како опозициска коалиција на ДУИ и Али Ахмети на локалните избори. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Порталот ја пренесува објавата на Даути на општествената мрежа, кој пишува: „Ова не е само обична изборна победа, туку е епохална промена, јасен доказ дека Албанците во земјата го избраа патот на одговорност, транспарентност и нова визија за управување. За само неколку месеци учество во централната влада Вреди успеа да ја добие довербата на граѓаните со извонредна брзина. Секој глас, даден за оваа коалиција, беше глас на благодарност за нашата работа, посветеност и политичка сериозност. Граѓаните ја видоа промената во стилот на управување, во начинот на комуникација и во приоритетите, што за прв пат го ставија граѓанинот пред партијата.“

Според него, „затоа 10-те добиени општини се 10 печати за легитимитетот, кои го нагласуваат присуството на Вреди како централна и неизбежна сила во албанската политика на Македонија“. „Победата на Албанците е казната што ја доби ДУИ, партија која со години ја држеше апсолутната власт, но ја злоупотребуваше власта. Ароганцијата, немањето самокритика и злоупотребата на довербата на граѓаните им се вратија како бумеранг. Албанскиот народ ѝ даде јасна порака на ДУИ дека моќта не е сопственост, туку одговорност. Ова е пресудата на демократијата: Вреди беше пофалена, а ДУИ беше осудена и казнета.“ – посочи Мустафа Даути.


Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

To top