Македонија

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

ЕСПАД е најголемата европска иницијатива за следење на трендовите на употреба на супстанции кај адолесцентите, основана во 1995 година од Агенцијата за дроги на Европската унија (ЕУДА). Истражувањето во Македонија во 2024 година опфати 2.831 ученик од прва година средно образование во 96 училишта и 182 паралелки, од кои 49,3 отсто момчиња и 50,7 отсто девојчиња.

Клучни наоди покажуваат дека дел од учениците започнуваат со пушење традиционални цигари уште на 9 години или порано (2,9 отсто), со највисоки стапки на прва употреба на 14 (10,7 отсто) и 15 години (10,1 отсто).

„Највисоката преваленца на употреба на прва цигара (со исклучок на електронски или алтернативни производи) се јавува на возраст од 14 години (10,7 проценти) и 15 години (10,1 процент). Започнувањето започнува уште на 9 години или помлади кај 2,9 проценти од учениците, со мали, но конзистентни проценти на возраст од 10 години (1,6 проценти), 11 години (1,6 проценти) и 12 години (3,1 процент). На возраст од 13 години, стапката се зголемува на 6,3 проценти“ – истакна Сања Прошева, координаторка на проектот.

Употребата на е-цигари бележи значително зголемување: 29,6 отсто од учениците ги пробале барем еднаш во животот (31,8 отсто момчиња, 27,5 отсто девојчиња), а 11,7 отсто во последниот месец. Во споредба со 2019 година, животната преваленца се зголемила од 21 на 30 отсто, а месечната од 7,2 на 12 отсто. Првата употреба на е-цигари најчесто се случува на 14 (10,4 отсто) и 15 години (10,6 отсто), но започнува и на 9 години или порано (1,3 отсто).

„Податоците покажуваат дека највисоките стапки на прва употреба на е-цигара се јавуваат на возраст од 14 (10,4 проценти) и 15 (10,6 проценти). Започнувањето започнува уште на 9-годишна возраст или порано кај 1,3 проценти од учениците, со помал процент на возраст од 10 (0,9 проценти), 11 (0,9 проценти) и 12 (1,4 проценти) години. На 13-годишна возраст, стапката се зголемува на 6,1 процент, што укажува на значителен пораст на започнувањето во текот на раната адолесценција“ – рече Прошева.

Употребата на алкохол во животот изнесува 62,7 отсто (63,5 отсто момчиња, 62 отсто девојчиња), а во последниот месец 37,5 отсто (40,4 отсто момчиња, 34,6 отсто девојчиња). Првото искуство со алкохол на 13 години или помлади го имале 28,5 отсто од учениците (34,7 отсто момчиња, 22,5 отсто девојчиња). Прва интоксикација на 13 или помлади пријавиле 6,7 отсто, а тешко епизодно пиење (пијанство) во последните 30 дена 33,2 отсто (36,5 отсто момчиња, 30,1 отсто девојчиња).
Од 2008 до 2024 година, животната употреба на алкохол флуктуирала од 61 отсто (2008), преку 57 отсто (2015) и 67 отсто (2019), до 63 отсто (2024).

Употребата на транквилизери/седативи со рецепт изнесува 11 отсто, без рецепт 6,6 отсто, а лекови против болки без рецепт за интоксикација 10,1 отсто.
Канабис пробале 5,5 отсто од учениците во животот (повеќе момчиња), со 1,3 отсто кои започнале на 13 или помлади. Кокаин пробале 1,5 отсто.

Во последните 12 месеци, 25 отсто од учениците се коцкале за пари (34 отсто момчиња, 16 отсто девојчиња), а онлајн коцкање пријавиле 15 отсто (21 отсто момчиња, 9 отсто девојчиња).

Превентивните активности најчесто се спроведуваат во училиштата (42,5 отсто), главно од наставници (26,3 отсто).
Според европскиот просек од ЕСПАД 2024, Македонија има пониска преваленца на е-цигари (под 30 отсто, додека просекот е 44 отсто) и на други супстанции.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Јасно ни е, додава претседателката, дека во моментов она што е најважно во овој свет на неизвесност е обостраната приврзаност на европската меѓународна и безбедносна политика

To top