Македонија

Денес на Борче Стаменов и доц.д-р Ирфан Ахмети ќе им биде доделена наградата „Мајка Тереза“ за 2025 за остварувања во хуманоста и човечката солидарност

Наградата на двајцата добитници ќе им биде врачена во 11 часот во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија.

Денес, на 26 август 2025 година на Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и на доц.д-р Ирфан Ахмети од клиниката за ендокринологија од Скопје ќе им биде доделена државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност од интерес за државата.

Во образложението кон наградата се дополнува дека Стаменов и Ахмети ја добиваат и поради потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и соработката меѓу народите, како и соработката меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.




Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top