Македонија

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

default

„Објектите во кои се организира воспитно – образовниот процес, се суштински за неговиот квалитет. Во добри услови и пријатна средина, мотивацијата за учење е поголема и затоа пред две години Владата и општините се обединија околу еден приоритет – да вложиме во инфраструктурата и да го зајакнеме овој столб на образованието. По две години делата се видливи. Ова училиште е резултат на тие заеднички заложби“, рече министерката Јаневска.

Новиот објект има два ката со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари.

„Ова е значаен објект уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеја само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во супстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови. Е сега останува само тоа да се одржува и да се чува. Остануваат уште некои детали, на пролет да зазелени, оградата да се смени, можеби паркингот за вработените, но и тоа знам дека ќе се заврши бидејќи верувам во работата на градоначалникот – рече Мицкоски, заблагодарувајќи се на сите ангажирани во проектот.

Јаневска потсети дека Владата и Министерството за образование и наука вложуваат подеднакво во сите региони на државата и за две години реализирале 90 проекти во вредност од 70 милиони евра. Половина од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука и другата половина преку повикот на Владата за финансирање на капитални проекти на општините.

Најнови вести од: Македонија

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top