Македонија

Денес Тошковски ќе даде отчет за сработеното во изминатите две години, откако пред три дена пропадна третата интерпелација против него

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе даде отчет за сработеното во изминатите две години. Настанот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ќе се одржи во Центарот за обука во Идризово со почеток во 9 часот.

Пред три дена во Собранието на Македонија пропадна третата по ред интерпелација, поднесена против првиот човек на МВР. Тошковски тогаш имаше оценето дека таа интерпелација, поднесена од Левица, претставуваше политички мотивиран обид за блокирање на борбата против криминалот и корупцијата. Во објава на општествените мрежи Тошковски посочи дека станува збор за трета интерпелација против него за помалку од две години и оцени дека зад иницијативата стојат политички, а не суштински мотиви.

Министерот оцени дека иницијативата за негово разрешување од позицијата министер за внатрешни работи не претставува грижа за државните интереси, туку политички обид да се успори расчистувањето со криминалот, корупцијата и неказнивоста. „Кога системот почнува да функционира, најмногу се вознемируваат оние кои со години профитирале од неговото нефункционирање.“ – имаше порачано пред три дена Тошковски. Тој додаде дека ќе продолжи да работи, како што наведе, „со аргументи и резултати“, а конечната оценка за неговата работа ќе ја дадат граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top