Македонија

Денеска е Крстовден

Празник на пост и покајание во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос

Православните христијани денеска го одбележуваат Воздвижението на Чесниот Крст – Крстовден, еден од големите христијански празници посветен на Крстот Христов како симбол на верата, жртвата и спасението.

Крстовден е непроменлив празник и секоја година се празнува на истиот датум. Денот е посветен на молитва, покајание и строг пост, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа.

Според христијанското предание, празникот се одбележува во спомен на пронаоѓањето на Крстот на кој бил распнат Исус Христос. Пронаоѓањето на Чесниот Крст се поврзува со царицата Елена, мајката на цар Константин.

Преданието раскажува дека при ископувањата во близина на Христовиот гроб биле пронајдени три крста. За да се утврди кој од нив е Христовиот, на нив било положено тело на починат човек, кој оживеал при допирот со еден од крстовите. Тоа било протолкувано како знак дека е пронајден Крстот Христов.

Според црковната традиција, за време на празникот Крстот се поставува во средината на храмот, украсен со цвеќе и босилек, а верниците му се поклонуваат и се потсетуваат на Христовото распетие и жртва.
Со Крстовден се поврзани и повеќе народни обичаи и верувања кои се пренесувале низ генерациите.

Во народната традиција, овој ден се поврзува со почетокот на гроздоберот. Според обичајот, првото набрано грозје се носи во црква за да биде осветено, а потоа се дели меѓу членовите на семејството.

Крстовден традиционално се поврзува и со почетокот на сеидбата на зимските житни култури.

Во народното предание Крстовден се смета за ден со особена духовна сила. Постои верување дека молитвите упатени на овој празник ќе бидат слушнати, а во некои преданија се вели дека ноќта спроти Крстовден е време кога човек треба искрено да се помоли за она што најмногу го посакува.

Суштината на празникот, сепак, останува во молитвата, покајанието и потсетувањето на Христовата жртва.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top