Македонија

Денеска е Василица

На 14 јануари православните верници го слават споменот на Свети Василиј Велики, а воедно и го празнуваат почетокот на новата година по Јулијанскиот календар

Православните христијани денеска го празнуваат споменот на три значајни настани: Обрезанието Господово, празникот на Свети Василиј Велики и почетокот на Православната Нова година. Според јулијанскиот календар, денеска е 1 јануари, ден кога црквата се потсетува на денот кога Божествениот Младенец бил обрезан и го добил името Исус (Спасител).

Како што е запишано во Евангелието според Лука:

„А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.“ Со овој чин, Христос покажал дека примил вистинска човечка природа, а не привидна, како што тврделе некои ереси.

Денешниот ден е посветен и на Свети Василиј Велики, еден од најголемите столбови на христијанството, познат по својот богословски ум и хуманост. Тој останува запаметен како „пчела на Црквата Христова“, која им дава мед на верните.

Денеска именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка и нивните варијанти.

Најнови вести од: Македонија

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

Најнови вести

To top