Македонија

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел, кај гробиштата Камник, гробиштата Драчево и гробиштата Ѓорче Петров

Поради верскиот празник Задушница, од денеска во 06:00 часот во Скопјe ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Единицата за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи во Скопјe информира дека сообраќајот до градските гробишта кај гробиштата Бутел ќе се одвива во една насока, односно во кружен правец. Сите возила ќе бидат насочени по улицата „Бутелска“, лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел.

За излез, возилата ќе се движат десно по улицата „Боца Иванова“, до кружниот тек на улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.

Посебен сообраќаен режим ќе биде воспоставен и во близина на гробиштата кај гробиштата Камник, гробиштата Драчево и гробиштата Ѓорче Петров.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги дадат полициските службеници на патиштата вклучени во посебниот сообраќаен режим.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја суспендирале за да не заврши половина влада на СДС во затвор

Лејла Кадриу поранешна обвинителка сведочи дека ја суспендирале бидејќи пола влада на СДС ќе завршела во затвор во врска со истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани

To top