Македонија

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата

„Денови на детска кариера“

На 10 мај, со почеток во 12.00 часот, во атриумот на Diamond Mall ќе се одржи настанот „Денови на детска кариера“, наменет за сите љубопитни деца кои сакаат да истражуваат, учат и откриваат нови интереси. Преку интерактивен пристап, најмладите ќе имаат можност да се запознаат со седум различни професии, да работат на практични задачи и да ги препознаат сопствените афинитети. На настанот ќе учествува архитект, кој ќе ги воведе децата во светот на дизајнот и ќе ги води низ изработка на град од хартија. .

Градежен инженер ќе им ја доближи важноста на стабилните конструкции, при што децата ќе изработуваат куќички од дрво. Претставник од медицинската професија ќе им помогне да го разберат функционирањето на човечкото тело и виталните органи. За децата со креативен дух, уметник ќе ги инспирира да ја истражат уметноста и значењето на визуелното изразување. Ќе биде претставена и професијата форензичар, каде децата практично ќе научат што се отпечатоци од прсти и како се анализираат. Флорист ќе ги воведе во светот на цвеќето, со можност сами да изработат икебана, додека пчелар ќе сподели интересни факти за пчелите, нивната улога во екосистемот и процесот на производство на мед.

„Денови на детска кариера“ се одржува втора година по ред во Diamond Mall и претставува спој на забава и едукација. Настанот им овозможува на децата не само да се запознаат со различни професии, туку и активно да учествуваат во креативни работилници кои ги поттикнуваат нивните таленти, љубопитност и вештини. „Во Diamond Mall веруваме дека децата најдобро учат преку игра и забава. Со настанот ,Денови на детска кариера’ сакаме да им овозможиме на најмладите да се инспирираат, да експериментираат и да стекнат нови знаења преку директно искуство со различни професии. Особено нè радува што оваа иницијатива прераснува во традиција и што од година во година гледаме сè поголем интерес и ентузијазам кај децата и нивните родители“, истакна Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

Овој настан е дел од богатата програма што трговскиот центар ја нуди за своите посетители, создавајќи уникатни искуства за целото семејство. Во комбинација со современиот концепт, разновидната шопинг понуда и гастрономските содржини, Diamond Mall се позиционира како една од омилените дестинации за забава, дружење и уживање.

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top