Македонија Регион

Десет години од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани […]

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“.

На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во пресрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

Куманово два дена живееше во страв кога во густо населената населба „Тоде Мендол“ популарна во градот како „Диво насеље“ се слушаа престрелки со различен интензитет.

Населбата целосно беше изолирана од припадниците на безбедносните сили, жителите се евакуираа, хеликоптери надлетуваа. Граѓаните на Куманово, порачуваат никогаш да не се повтори „Диво насеље“, а исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

Најнови вести од: Македонија Регион

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Најнови вести

To top