Македонија

Девет лица примени на Ургентен центар, две со потешки повреди по невремето во Скопје

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика и повредени граѓани.

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика и повредени граѓани. На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) примени се девет повредени лица.

Директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски, соопшти дека две лица се здобиле со потешки повреди.

– Една пациентка со повреда на главата е пренесена на Клиниката за неврохирургија, додека друга пациентка е со скршена рака. Останатите повредени се со полесни повреди и се згрижени во Ургентниот центар – изјави Мерџаноски.

Невремето проследено со силен ветер и пороен дожд предизвика паднати дрвја, откорнати кровови, оштетени возила и прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од главниот град. Надлежните служби и понатаму остануваат на терен и работат на расчистување на последиците.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top