Македонија

Девојка не сакала да се омажи за него – тој ѝ го убил таткото

Претходно, убиецот ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него

Полицијата го расчисти убиството как ои мотивот за убиството на припадник на Армијата на Македонија пред два дена во селото Батинци.

Убиец е Џ.М., кој сакал да се ожени со Е.М., 20-годишна ќерка на војникот А.М., но таа ја одбивала неговата понуда.

Убиецот претходно на денот на убиството барал и на телефон, но таа го одбила повикот.

По ова, убиецот ги пресретнал таткото и ќерката пред селото Батинци и пукал, при што го убил таткото  А.М. (50).

„На 11.7.2025 година околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на селото Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од Батинци. А.М. бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите.

Според пријавеното од страна на Е.М. (20), ќерка на А.М., тие околу 8.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа.

Таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Потоа, А.М. и Џ.М. со возило се упатиле кон домот во селото Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило. Од возилото излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, соопшти полоцијата.

Припадник на Армијата е убиениот во Батинци

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top