Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е реален и развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вечерва во Дневникот на МРТ го претстави Буџетот за 2026 година како реален, развоен и највнимателно проектиран досега. Со проектиран економски раст од 3,8 % и буџетски дефицит од 3,5 % од БДП, овој буџет ја продолжува определбата за фискална консолидација, истовремено обезбедувајќи средства за капитални инвестиции и социјални обврски.

„Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските кои ги има секоја од институциите кои што се евидентирани во системот на МФ и да ги земеме предвид и да ги вклопиме приоритетите на Владата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека преку построгата контрола на расходите и продолжувањето на позитивните трендови во БДП, јавниот долг ќе се намалува побрзо од планираното – под границата од 60 % од БДП уште пред 2028 година. Во 2026 година ќе се рефинансираат стари долгови (вклучително и Еврообврзницата од 2020 година), но новото задолжување ќе биде исклучиво за покривање на буџетскиот дефицит.

Средствата за плати, пензии и минимална плата се целосно обезбедени согласно законските обврски, а министерката најави и скорешно издавање на нова Граѓанска обврзница.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top