Македонија

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

Министерката посочи дека информацијата за новата еврообврзница сè уште не е разгледана на седница на Владата, но дека Министерството за финансии мора навремено да се подготви за обврските што достасуваат во 2027 година. „Долгот што опозицијата го остави за 2027 година е скоро една и пол милијарда евра. Тоа се долгови кои тие ги имаат направено и ние треба да ги вратиме. Легитимно е дека мора навремено да се организираме, да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови. Не можеме да го занемариме фактот дека скоро една и пол милијарда евра треба да вратиме стари долгови“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека токму оние што до 2024 година раководеле со институциите треба добро да знаат какви обврски оставиле за отплата во наредните години. Оттука, оцени министерката, неосновано е денес да се критикува обезбедувањето средства за сервисирање на долгови кои биле создадени претходно. Покрај овие обврски, во 2027 година достасуваат и државни записи со рок од 12 месеци во износ од околу 1,1 милијарда евра. Истовремено, согласно Фискалната стратегија, за 2027 година е предвиден буџетски дефицит од 3,5% од БДП, кој исто така треба да се финансира.

Димитриеска-Кочоска потенцираше дека при оценувањето на задолжувањето не може да се зема предвид само износот што државата го позајмува, а намерно да се занемарува износот на долгот што истовремено се отплаќа. Таквото собирање на секое ново позајмување и негово претставување како целосно нов долг, без да се прикажат обврските што со тие средства се отплаќаат или рефинансираат, не ја дава реалната слика за движењето на јавниот долг.

Новото задолжување што се користи за отплата или рефинансирање на постојни обврски не значи дека јавниот долг автоматски се зголемува за целиот позајмен износ. Како пример, министерката посочи дека истото важи и при рефинансирање кредит кај домаќинствата – ако се земе нов кредит за да се отплати постоечки, долгот не се зголемува за целиот износ на новиот кредит, бидејќи истовремено се отплаќа старата обврска.

Министерката истакна дека Министерството за финансии транспарентно ги објавува податоците за јавниот долг и дека навременото планирање на изворите на финансирање е неопходно за редовно и непречено сервисирање на обврските на државата.

Најнови вести од: Македонија

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има потенцијал за создавање светски брендови кои во силна конкуренција се истакнуваат со своите уникатни вредности.

Мицкоски: Криминалната Влада на СДСМ-ДУИ ни остави распадната и ограбена Македонија, но ја направивме подобро место за живеење!

Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти кои што беа започнати и заборавени. Градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме. Продолживме со автопатските секции и продолжуваме со нови, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешното претставување на новите комунални возила за општините.

Најнови вести

To top