Македонија

Димитриевски доби поддршка од Вреди за вториот круг од изборите

„Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши кумановчани“, напиша Димитриевски

Кандидатот на ЗНАМ за нов градоначалнички мандат во Куманово, Маким Димитриевски соопшти дека од коалицијата Вреди добил поддршка за вториот круг на локалните избори.

„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалицискиот партнер Вреди добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“ напиша Димитриевски на Фејсбук.

Се заблагодари на сите кои, како што посочи, ја препознаваат и ја поддржуваат визијата за иднината на Куманово и на Македонија.

„Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши кумановчани“, напиша Димитриевски.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top