Македонија

Димитриевски со тројна предност оди во втор круг

Актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат освоил 37,89 отсто од гласовите додека втор е независниот Горан Стојковски со освоени 13,92% од гласовите

Димитриевски синоќа изјави дека води убедливо во однос на сите останати шест кандидати, или за споредба, колку што имаат вкупно останатите шест кандидати толку тој како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ има добиено гласови.

Ако има втор круг, рече синоќа Димириевски, ЗНАМ ќе биде дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, а граѓаните го препознаваат континуитетот и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух.

Пo pребројани  98,80 проценти од гласовите во Куманово, Димитриевски освоил 37,89 отсто од гласовите или 16.183 гласа, додека втор е независниот Горан Стојковски со 13,92 проценти од гласовите, односно 5.946 гласови.

Tретопласиран во Куманово е Селвер Ајдини од ДУИ со 5.905 гласа, а зад него е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски со 5.793 гласа.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

To top