Македонија

Димитров: Платата не е работа на желби, бараните 600 евра не се според ниеден економски критериум!

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија.

Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не може да биде под 57 проценти од просечната плата, што, посочува, е повисок износ во однос на Европската унија, каде е околу 50 проценти.


– Мислам дека треба разум, платата не е работа на желби, туку на економски критеруми. Затоа во Европската Унија четири години се расправаше за Директивата за минимална плата и првин што утврдија е дека не може во цела Европа да има една минимална плата затоа што земјите не се на ист степен на економски развој. Донесе директива со која минималната плата, за да не предизвика економски проблеми, треба да се движи околу 50 проценти. Во Македонија отидовме уште понатаму. Во нашиот закон е предвидена дополнителна заштита дека минималната плата не може да биде помалку од 57 проценти од просечната плата. Ако сега 50 проценти од инфлацијата и 50 проценти од порастот на просечната плата падне под 50, ќе го земеме вториот критериум, 57 проценти од просечната плата, што мислам дека е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа – изјави Димитров за МИА.

Износот од 36 илјади денари што се бара, посочува Димитров, не се заснова на ниеден економски критериум. 

– Не само на законските основи, каде што платата треба да се усогласи со порастот на инфлацијата од 4,2 проценти и порастот на просечната плата над 9 проценти, туку е, едноставно, од рака затоа што 36.000 во однос на сегашната минимална плата е пораст од речиси 50 проценти, односно 47 проценти. Кои економски параметри пораснале за 47 проценти, БДП, продуктивност, износ на вкупно производство? Нема економски критериум што пораснал толку. Од друга страна, фактички тоа ќе значи крах за сите трудоинтензивни дејности, кои сега имаат плата под 36.000 денари, тоа се многу работници, бидејќи, на пример, и оние што вадат лигнит во рудниците од РЕК имаат просечна плата од 32.000 денари, значи и тие од прв до последен треба да земаат иста плата – рече Димитров.

Дополнува дека „во барањето на синдикатот не се земени никави економски критеруми и оти единствено се држат на нивната потрошувачка кошничка“, која, посочи, Владата на некој начин ја оспори и треба да излезе со друга. Слично, истакнува, како што се случи сега во Словенија, каде што работодавачите реагираа ако само синдикатот ја прави синдикалната потрошувачка кошничка, таа е подложна на многу субјективизам.

Димитров наведува и дека сите што имаат просечни плати под 36.000 денари, речиси 100.000 вработени во државата ќе се најдат во многу незгодна ситуација затоа што ќе треба од првиот до последниот работник да имаат иста минимална плата. – Тогаш, добрите работници, тие со повисоко звање, нема да може да се наградат. Ќе падне продуктивноста, слично како во 2018 година кога имавме огромно зголемување од 15.000 на 18.000 денари и пропаднаа 1.400 компании – вели Димитров.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите за земјоделците, манипулацијата на опозицијата паѓа во вода

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата за пратенички прашања.

Мицкоски: Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе побара најстроги санкции за оние што ќе навредуваат по етничка основа.

Кривична пријава против А.Б., полициски службеник од Шестата управа, го возел приватното возило без возачка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари за „злоупотреба на службена положба“ и штета од 4 милиони денари

МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две други лица и еден правен субјект, со злоупотреби и несовесно работење го оштетиле буџетот на Општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари.

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние, кои сакаат да го видат мојот политички крај!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

To top