Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување со предупредување пред новогодишните прослави

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денес упати апел до сопствениците на угостителски објекти и организаторите на јавни забави во пресрет на новогодишните прослави строго да ги почитуваат противпожарните мерки и безбедносните правила.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денес упати апел до сопствениците на угостителски објекти и организаторите на јавни забави во пресрет на новогодишните прослави строго да ги почитуваат противпожарните мерки и безбедносните правила.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, нагласи дека безбедноста мора да биде приоритет пред профитот и бројот на гости.

„Ниту една прослава, ниту една забава не вреди повеќе од човечкиот живот. Апелираме до сопствениците и организаторите строго да го почитуваат дозволениот број посетители, да обезбедат исправна противпожарна опрема и слободни излези за евакуација“ – изјави Ангелов.

Посебен акцент е ставен на забраната за користење пиротехника и отворен пламен во затворени простории, како и на обврската излезните врати да бидат постојано отклучени и проодни.

„Излезите мора да бидат отклучени и постојано проодни. Забрането е користење пиротехнички средства и отворен пламен во затворени простории, бидејќи токму ваквите пропусти најчесто доведуваат до трагични последици“ – предупреди Ангелов.

Од ДЗС потсетуваат дека секој објект мора да располага со исправна и редовно одржувана противпожарна опрема, а персоналот да биде обучен за реакција во итни ситуации.

„Почитувањето на овие мерки не е само законска обврска, туку и морална одговорност кон гостите и вработените. Нашата цел е новогодишните прослави да поминат во весела, но пред сè безбедна атмосфера“ – додаде директорот.

Институцијата се заблагодари на медиумите за подигањето на јавната свест и повика на заедничка одговорност за да се избегнат несакани инциденти за време на празниците.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top