Македонија

Директорот на БЈБ: Македонската полиција е подготвена за современите безбедносни предизвици

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, на централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, истакна дека денеска не се одбележува само професија, туку се потврдува должноста да се служи на граѓаните, државата и довербата која им се дава.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, на централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, истакна дека денеска не се одбележува само професија, туку се потврдува должноста да се служи на граѓаните, државата и довербата која им се дава.

„Ова е професија што бара одлуки тогаш кога е најтешко, професија што значи служба секој ден со чест, одговорност и без компромис“, рече Јанев.

Тој посочи дека живееме во време на сложени безбедносни предизвици, при што криминалот е технолошки напреден, адаптивен и агресивен.

„Се обидува да навлезе во сите сегменти на системот, да ја поткопа довербата и да ја ослаби силата на институциите. Нашата порака е јасна: државата е посилна. Водиме одлучна, системска и безкомпромисна борба против криминалните групи во сите области. Системски дејствуваме врз нивните структури, врски, нивната логистика и нивниот капитал. Никој не е над законот“, потенцираше директорот на БЈБ.

Јанев нагласи дека силна полиција се гради со визија, инвестирајќи во модернизација, воведување нови алатки, современи системи и технологии. Сепак, според него, најсилното оружје на полицијата е обучениот, стабилен, чесен и професионален полициски службеник.

„Технологијата помага, опремата поддржува, но човекот е тој што ја носи одлуката, ја превзема одговорноста и ја брани довербата“, рече Јанев.

Тој додаде дека македонската полиција е позиционирана рамо до рамо со светските полиции и придонесува за стабилност не само на регионот, туку и пошироко.

„Нашата служба е силна мисија – мисија да служиме, обезбедиме, заштитиме. Да има ред, правда и одговорност. Кога полицијата стои цврсто, државата стои исправено“, заклучи Александар Јанев.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top