Македонија

Директорот на „Комунална хигиена“ и неговиот прв соработник со лициси пред судија на претходна постапка

Обвиинителството бара да одат во притвор

МВР до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против вршителот на должност директор на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, и одговорниот за отпад во истото претпријатие, Аки Саити — под сомнение дека го извршиле делото „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени постапувале спротивно на Законот за управување со отпад, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспорт на комунален отпад.

„Без да вршат целосен надзор врз собирањето и транспортот на комуналниот отпад и со несоодветно управување со отпадот, тие овозможиле во текот на овој месец да се создадат диви депонии на јавни и патни површини, во близина на контејнерите предвидени за комунален отпад. Со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата, доведувајќи го во опасност животот и здравјето на луѓето од можност за појава на заразни или други болести“, порача портпаролот на МВР.

Овие сомнежи, како што соопштија портпаролот на МВР и Обвинителството, биле потврдени и преку вонредни инспекции за заштита на животната средина, како и преку експертски мислења за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење на заразни болести, издадени од Институтот за јавно здравје.

„Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, велат од ОЈО.

Рустеми и Саити беа приведени од полицијата попладнето на 27 октомври. Сабахудин Рустеми, за директор на „Комунална хигиена“, е назначен на 29 јануари 2025 година од страна на градоначалничката Данела Арсовска. Во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата директор на Јавното претпријатие „Сарај“, а во периодот 2023–2024 бил заменик-директор на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по апсењето реагираше остро, оценувајќи го потегот како обид на „режимот на Мицкоски и МВРО“ да внесе страв пред вториот изборен круг.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top