Македонија

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

-Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН.

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат.

-Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, соопшти Министерството за образование и наука.

Најнови вести од: Македонија

To top