Македонија

Добитник од Кавадарци освои 78.5 милиони денари

Неверојатната комбинација 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11 ја донесе втората највисока премија во историјата на „Македонска лотарија“

Симоќа, во 18-тото коло беше извлечена главната премија – „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.

Фактот што највисокиот извлечен број е само 11, во игра каде што опсегот на броеви се движи до 37, е екстремно редок феномен во веројатносните теории.

Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари.

Според податоците, ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, со вредност од околу 1,273 милиони евра.

Најголемата премија досега, од околу 1,7 милиони евра, беше исплатена во август 2024 година, кога добитното ливче беше продадено во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Глигоров одбил 100 милиони долари мито од Грција за да го смени името

Декласифицирани документи на ЦИА покажуваат како првиот претседател на независна Македонија успеа да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците

Бугаринот Виктор Стојанов поттикнувал скопјанец да шири омраза кон Македонија

Pретседателot на бугарската фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

To top