Македонија

Докторката Мери Пешевска доби условна казна за скандалот „Онкологија”

Обвинетата докторка онколог Мери Пешевска доби условна казна за скандалот „Онкологија”

Обвинетата докторка онколог Мери Пешевска доби условна казна за скандалот „Онкологија” од 2 години за несовесно лекување болни која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново дело.

Таа на судското рочиште на почетокот на септември во целост ја призна вината, со што прстот на вина го посочи во ексдиректорот Нино Васев.

Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзинипт факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите.

Таа се товари дека соработувала со поранешниот директор и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.

Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин и поради тоа признава вина што токму тоа го дозволила.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

To top