Македонија

Донација од САД за Македонската Армија: Мицкоски вели дека ова е придонес за безбедноста на државата

Нови 29 лесни оклопни возила JLTV за македонската Армија денеска беа презентирани во штипската касарна „Јане Сандански“. Испораката на возила е според договорот за соработка со САД

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ова е придонес за безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на државата, „бидејќи тоа се основните услови за да можеме да развиваме општество коешто ќе напредува и општество коешто ќе нуди иднина за сите граѓани, нераскинлива алка се разбира од овие амбиции е и македонската Армија.

Денеска присуствуваме на овој настан којшто е продолжение би рекол на настанот што се случи пред една година за којшто зборуваше почитуваната амбасадорка на САД и јас сум навистина горд што ете полека но сигурно се доекипираме, се комплетираме и ја јакнеме македонската Армија.“

Доаде уште дека „кога зборуваме за вложување во Армијата зборуваме и за модернизација и конструкција на двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 коишто во суштина не само сега туку и во иднина ќе претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО каде што и ние како Македонија припаѓаме и тоа е еден од нашите главни амбиции и планови во годините коишто следат, модернизација на Армијата, снабдување на она коешто е потребно и дефинирање на приоритети и реализирање на тие приоритети од аспект на опрема. Но исто така и модернизација и конструкција на овие 2 важни логистички коридори за НАТО, посебно за Јужното крило на НАТО“.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на презентацијата истакна дека врз основ на тридецениската соработка со стратешкиот партнер САД и програмите кои се вршат за набавка на модерзација на македонската армија, бројот на оклопни возила се зголеми речиси за двојно.

-Нашите одбранбени капацитети продолжуваат да се зголемуваат и зајакнуваат. Со оваа нова достава се приближуваме до потребниот број на возила. Дополнително, очекуваме во скоро време да ни пристигнат и дел од оклопните возила Страјкер кои се од американско производство. Возилата кои денеска ги гледаме се предвидени за лесната пешадиска баталјонска група која ќе биде подготвена за патувања и мисии во случај на потреба, истакна Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

To top