Македонија

Донесени законите за судската и јавнообвинителската служба – значаен исчекор кон зајакнување на нивната самостојност, професионалност и ефикасност

Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт.

-Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија вработени во судската власт со сопствен законски режим. Се воспоставува нов и пофункционален систем на класификација на работните места, преку дополнување на категориите, нивоата и звањата на судските службеници согласно реалните потреби на судовите. Со ова се надминуваат долгогодишните практични проблеми поврзани со несоодветната класификација на работните места преземена од системот на административни службеници. Истовремено, се воспоставува нов систем на вработување и унапредување, специјално прилагоден на судската служба. Наместо примена на решенија преземени од општиот систем на административни службеници, се воведува посебна постапка која вклучува административна селекција, испит и интервју, со што се обезбедува избор на најквалитетни и најстручни кадри за потребите на судовите – се вели во соопштението од МП.

Со новото законско решение, од МП посочуваат, дека значително се зајакнува и институционалната независност на судската власт. Судскиот буџетски совет добива централна улога во кадровското планирање преку изготвување единствен годишен план за вработување, кој ќе се доставува до Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација за увид и известување, без потреба од претходна согласност. Со тоа се намалува зависноста од извршната власт и се зацврстува кадровската автономија на судството. -Законот воведува и нов систем на плати, со кој зголемувањата предвидени со колективните договори стануваат составен дел од основната плата, обезбедувајќи стабилен, предвидлив и правичен систем на вреднување на трудот на судските службеници. Истовремено, прецизно се уредува статусот на судската полиција, чии припадници добиваат бенифициран работен стаж, како и статусот на останатите категории вработени во судовите, со јасно дефинирани права, обврски и одговорности – стои во соопштението од МП.

Посебно се унапредува и институцијата судски администратор. За првпат се воспоставува вистински кариерен систем кој овозможува напредување на искусни и стручни судски службеници до оваа функција, врз основа на јасно утврдени критериуми. Воедно, судскиот администратор станува дел од системот на дисциплинска одговорност, со што дополнително се зајакнуваат интегритетот, отчетноста и професионалноста во судската служба. Со донесувањето на Законот за судска служба, од МП, нагласуваат дека се реализира уште една значајна обврска од Реформската агенда и се прави крупен чекор кон изградба на независно, професионално и ефикасно правосудство.

Новиот закон за јавнообвинителска служба, како што информираат од МП, претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства. Законот воведува посебен систем за управување со човечките ресурси, со поедноставени и поефикасни постапки за вработување, намалена зависност од надворешни институции и избор на најстручните и најквалитетните кадри.

– Особено внимание е посветено на кариерниот развој на јавнообвинителските службеници. Се воспоставува јасна вертикална кариера и реални можности за професионално напредување до највисоките раководни позиции во службата. Со законот значително се зајакнува и улогата на Советот на јавнообвинителска служба, кој добива пошироки надлежности во областа на кадровската политика, дисциплинската одговорност и заштитата на правата на вработените, што дополнително придонесува за изградба на професионална, независна и одговорна јавнообвинителска служба – стои во соопштението од МП.

Една од најзначајните придобивки е и унапредувањето на материјалната положба на вработените. -Законот воведува нов систем за пресметка на платите, со кој зголемувањата обезбедени преку колективните договори стануваат составен дел од основната плата. Со тоа се обезбедуваат поголема финансиска сигурност, правична валоризација на трудот и подобра мотивација на вработените, а согласно колективниот договор предвидено е и етапно зголемување на платите – стои во соопштението од МП.

Истовремено, се воспоставува потранспарентен и поефикасен систем на дисциплинска одговорност, со прецизно дефинирани дисциплински повреди, дисциплински комисии и право на жалба пред Советот на јавнообвинителска служба, со што се гарантира дополнителна заштита на правата на службениците. Законот овозможува и поголема флексибилност во управувањето со човечките ресурси преку појасно уредени механизми за распоредување и преземање на службеници меѓу јавните обвинителства, со што ќе се обезбеди побрзо пополнување на работните места и поефикасно искористување на расположливите кадровски капацитети.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот Герасимовски-кадарот на Заев, за да не стане Центар Бангладеш, поради градежни дозволи за СДСМ-фирми!

Го повикуваме кадарот на Зоран Заев, Горан Герасимовски, итно да дојде во Маџир Маало и да објасни според кои прописи се работи тука, А на одење да си даде оставка, повика денеска Диана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Анализи во Бугарија дека „патот на Македонија е под знак прашалник“, ако нема „напредок во работата на историската комисија“ и „исполнување на обврските“!

Историските спорови остануваат најсилната алатка на Бугарија за притисок врз Македонија. Бугарските анализи „предупредуваат дека без напредок во работата на Заедничката историска комисија и исполнување на договорените обврски, европската перспектива на Македонија ќе остане под силен политички притисок“.

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите низ Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Сторители на тешки кривични дела ги изиграле системот и судовите и со коруптивни лажни вештачења за нарушено здравје сместени во психијатриски установи!

Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител, при контролата на психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025, затекнал 20-ина осуденици сторители на кривични дела кои не се со психичка болест, туку се здрави и пресметливи, но го изиграле системот и судовите преку коруптивни вештачења за нивно наводно нарушено здравје.

Македонија доби пристап до 4,4 милијарди евра од здравствените фондови на ЕУ – можност за приближување до европските стандарди и политики.

Македонија доби пристап до фондовите за здравство од 4,4 милијарди евра на Европската Унија (ЕУ). Министерот за здравство, Азир Алиу денеска кажа дека потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во програмата „ЕУ фор хелт“ (EU4Health) е значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. Програмата отвора можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг-програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Премиерот Мицкоски посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија. Тој потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Најнови вести

To top