Македонија

Досега 30.000 дози, идниот месец уште 27.000

Во меѓувреме, во тек е набавката на нови вакцини против туберкулоза од јапонски производител, soop[ti ministerot za zdravstvo Klekovski

 

Веќе пристигнаа првите 30.000 дози вакцини против сезонски грип, а до средината на ноември се очекуваат дополнителни 26.000 дози.

Први што ќе ја примат вакцината ќе бидат високоризичните групи од населението.

Во меѓувреме, во тек е набавката на нови вакцини против туберкулоза од јапонски производител; се очекува наскоро да продолжи вакцинацијата, која беше прекината откако во Хрватска беа регистрирани четири сомнителни случаи на инфекции на коските кај деца, поврзани со вакцината од истиот производител што се користи и кај нас.

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека се во тек подготовките за испорака и дека пристигнувањето на вакцините е прашање на денови.

„Во тек се логистичките подготовки. Вакцините се набавуваат од централниот магацин на УНИЦЕФ, па се финализираат деталите. Се надевам дека многу наскоро ќе пристигнат во Македонија и дека нема да има проблеми во врска со прекинот или времетраењето на паузата“, рече Клековски.

Прашан кога ќе биде дистрибуцијата на вакцините против сезонски грип до Центрите за јавно здравје, Клековски одговори деновиве ќе се реализира диструбицијата.

-Веќе се информирани Центрите за јавно здравје. Мислам дека овие денови се завршуваат логистиките, ќе бидат дистрибуирани спрема вообичаената формула на дистрибуција-изјави Клековски кој ја посети Клиничка болница-Штип.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска Давкова: Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите

Ја повтори минатогодишната желба – детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! 

Кои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја

Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта.

Македонската поетеса Кристина Краличин севкупна победничка на меѓународен поетски конкурс во Сараево, меѓу 177 пристигнати дела

Дијамантска повелба за песната „Dvoje ne moraju jedno postati“ на четвртиот Меѓународен фестивал на поезијата „Most pjesnika 2026“ во Босна и Херцеговина

To top