Македонија

Дружење, пита со паричка и донација за Клубот на деца со церебрална парализа во Расадник

Општина Кисела Вода

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска за празникот Василица го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник.

Како што соопштија од Општината, по повод Стара Нова година, градоначалничката се дружеше заедно со децата и нивните родители во празнична атмосфера, при што се делеше пита со паричка, а покрај пакетчиња, таа им додели и донација – столчиња, кои им беа потребни за подобро функционирање на Клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

– Особено ми е драго што денеска заедно ја одбележавме Стара Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас, важно е да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија, кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот – истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска, стои во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top