Македонија

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

Денеска се одбележаа христијанскиот празник Богојавление, познат и како Водици, кој го симболизира крштевањето на Исус Христос во реката Јордан и осветувањето на водите. Традиционално, манифестациите се одржаа во Скопје и Охрид, каде верниците учествуваа во обичаите на положување на светиот крст во осветените води. Во главниот град околу 160 граѓани се обидоа да го фатат крстот во Вардар.

Во Охрид, кој и годинава беше центар на прославата на Водици, локалните власти и верските служби претходно најавија дека градот е темелно подготвен за манифестацијата, со украсен плоштад, чисто езеро и организирани богослужби, како и голем број гости и посетители кои го следат водосветот на Охридското Езеро.

Државниот врв ја поздрави прославата на Водици, со бројни честитки на социјалните мрежи. Премиерот Христијан Мицкоски на официјалниот Фејзбук профил напиша дека празникот носи порака за вера, храброст и морална чистота, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и солидарноста во општеството.

  • „Водици носи силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок. Осветувањето на водите и фрлањето на Крстот е традиција, но и жива порака за доверба, за пожртвуваност и за надеж!“, истакна премиерот во својата честитка.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, повика на благост и емпатија како темели на силни заедници.

  • „Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа. Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството“, порача Давкова.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши исто така го честита празникот во свое и во име на Собранието, со порака за заедништво и сплотеност.

  • „Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава“, напиша Гаши.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во својата честитка го опиша празникот како „величествен и длабоко значаен ден“, посебно честитајќи му на Дарко Митровиќ, кој го извади светиот крст од осветените води.

  • „Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување“, порача Ѓеорѓиевски во објавата.

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, од Охрид упати честитки, истакнувајќи дека градот „блесна со околу 20.000 посетители“ и посакувајќи добро здравје и среќа на најсреќниот што го фати крстот.

  • „Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје и среќа да го пратат во текот на годината. За убави работи да се гледаме!“, истакна Нилолоски.

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Маскирани насилници во скопско Маџари претепале дете и тоа го снимале!

Маскирани лица во неделата напладне на фудбалското игралиште во населбата Маџари, во Скопје, физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобилен телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

To top