Македонија

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

 

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) сериозно го злоупотребува правото на употреба на мајчиниот јазик при полагање на правосуден испит, што не сметаше дека е соодветно да го регулира за време на своето долго владеење“, оценува Демократскиот сојуз на Македонија во денешното соопштение..

Оттаму велат дека имало коруптивни процеси за време на полагањето на испитот и политичко влијание, особено врз студентите блиски до владејачките партии.

Демократската лига потсетува дека македонскиот јазик е државен – службен јазик во Македонија. Секако, и албанскиот јазик е во службена употреба и етничките Албанци ги уживаат сите права според Уставот да го користат.

ДС потсетува дека студентите, мнозинството Албанци, ги завршиле студиите на својот мајчин албански јазик.

Сепак, во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Дополнително, меѓународната пракса и препораките на Венецијанската комисија ја поддржуваат употребата на заеднички јазик во судството и тоа во никој случај не ги крши правата на другите етнички заедници“, велат од партијата на Павле Трајанов.

Демократскаиот сојуз ја охрабрува Владата да не подлегнува на политички притисок и да инсистира на наоѓање решение за полагање правосуден испит кое ќе биде уставно, нема да ги крши правата на етничките заедници, но и со иста тежина на испитот како и за другите студенти.

Најнови вести од: Македонија

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

To top