Македонија

Дури 21 општина можат да добијат градоначалник во денешниот прв круг од локалните

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општинат не излезат една третина од вкупниот број запишани избирачи се повторува целата изборна постапка за соодветната општина

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник, што значи дека во нив најверојатно граѓаните ќе изберат градоначалник уште во првиот круг.

По двајца кандидати за градоначалници има во:

-Богданци – Блаже Шапов поддржан од коалицијата на СДСМ и Мајран Пеев од ВМРО-ДПМНЕ,

-Боговиње – Фети Анази од Влен и Бесник Емши од НАИ,

-Босилово – Мариче Кармазичева од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ,

-Валандово – Перо Костадинов од СДСМ и Ѓоко Камчев ВМРО-ДПМНЕ,

-Василево – Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Ванчо Новоселски од СДСМ,

-Врапчиште – Мехмет Сефери од Вреди и Исен Шабани од ДУИ,

-Градско – Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ и Драгослав Симоновиќ од СДСМ,

-Делчево – Иван Гоцевски од ВМРО‑ДПМНЕ и Дејан Глинџарски поддржан и од СДСМ,

-Желино – Бјлердим Сејдиу од ВЛЕН и Емир Сулејмани од НАИ,

-Зрновци – Ванчо Митев од СДСМ и Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ,

-Карбинци – Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубица Соколовска од СДСМ,

-Кратово – Влатко Спировски од СДСМ и Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ,

-Крива Паланка – Сашко Митовски од СДСМ и Оливер Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ,

-Кривогаштани – Игор Каравилоски од СДСМ и Сашо Граороски од ВМРО-ДПМНЕ,

-Липково – Неџмедин Садики од ВЛЕН и Еркан Арифи од НАИ,

-Маврово и Ростуше – Анес Ахмети од СДСМ и Онер Јакупоски од ВМРО-ДПМНЕ,

-Ново Село – Ѓорѓе Божинов ВМРО-ДПМНЕ и Петар Спасов од СДСМ,

-Петровец – Борче Митовски од ВМРО-ДПМНЕ и Елизабета Зелениковска од СДСМ,

-Пласница – Елсан Нурчески од Демократска партија на Турците и Алија Јаоски од НАИ,

-Теарце – Назим Таипи од НАИ и Даут Мемиши од ВЛЕН,

-Штип – Иван Јорданов од ВМРО‑ДПМНЕ и Павел Иванов од СДСМ, објавува Фокус

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Најнови вести од: Македонија

Скопје ќе биде модерен, чист, функционален и достоинствен град, рече градоначалникот

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека градот полека, но сигурно излегува од колапсот, хаосот и долговите создавани, како што рече, со години, со неодговорно владеење. Тој потенцираше дека тоа не е лесна задача, со тоа што му бил оставен Градот на работ од банкрот.

Албанци-студенти по право бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик, во спротивно протести

Студентите, Албанци по право се разочарани од одговорот на Министерството за правда, кое не дозволува правосудскиот испит да се одржи и на албански јазик, туку само на македонски. Мевлан Адеми од студентската иницијатива најави дека можни протести, доколку одлуката не биде сменета.

Мицкоски: Фокусирани сме на спроведување на реформската агенда и воведување ред во државата

Ќе имаме можност да почнеме еден циклус средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите што како Влада ги правиме, а се поврзани со реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг за реформската агенда со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија.

ВМРО ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР за СОЗР е во време на владата на СДС, Мирчевски и Филипче се потврдени криминалци!

„Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС. Тој е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС: криминал, аздисаност и личен профит. Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и нивните партиски функционери.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Расчистени девет сторени кривични дела „измама за лажни сообраќајни незгоди“ – П.С. ги оштетил жртвите за 58 илјади евра

На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид.

To top