Македонија

Дурмиши: Засега нема причина да се воведе ограничување за цените на храната

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека засега нема причини да се реагира и да се воведе ограничување на цените на храната, затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. 

Ќе се реагира ако дојде до енормно поскапување, вели Дурмиши. „Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на бруто профитната маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба ќе реагираме, но во декември цените во делот на храната и пијалоците се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и оваа година“, рече министерот за економија и труд.

Минатата година биле направени повеќе од 20.000 контроли и изречени се 2,5 милиони евра казни за оние трговци кои се однесувале девијаnтно и ги зголемиле цените без економска оправданост, појасни тој.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top