Македонија

Дваесет и еден отсто од европските мали хидроцентрали се во заштитени зони

Технологијата и природата можат да коегзистираат, ако правилата се јасни и има соодветна контрола

Замислете си една алпска падина по која тече река, а подолу на брегот, стои информациска табла на која пишува дека водата ја користи мала хидроцентрала, ја позајмува и враќа назад. Ова е многу реална ситуација ако се земе предвид дека околу 6409 мали хидроцентрали или 21 отсто од над 21 илјади хидроцентрали во Европа се наоѓаат во заштитени зони. Овие хидроцентрали работат под строги правила кои овозможуваат заштита на живорната средина и животот во реките. На пример кога протокот на вода во користото ќе падне под биолошкиот минимум, турбините застануваат. Токму оваа слика разоткрива една значајна причина зошто ЕУ има позитивен став кон изградбата на малите хидроцентрали.

Најголем број од овие мали хидроцентрали (МХЕ) се наоѓаат на потег од националните паркови во Алпите до „Натура 2000“ регионите во Скандинавија. Овие зони важат за биодиверзитетни „жешки точки“, а искористувањето на хидропотенцијалот во нив покажува дека технологијата и природата можат да коегзистираат, ако правилата се јасни и има соодветна контрола.

Одличен пример за илустрација на различниот пристап кон производството на енергија, која е неопходна за современото живеење, се едукативните патеки за деца покрај малите хидроцентрали во Швајцарија. Тука малите хидроцентрали се претворени во еден вид на „училници на отворено“ каде децата учат за коегзистенција на производствените капацитети за енергија со заштитата на животната средина. На пример покрај реката Тур во Швајцарија, меѓу Ебнат и Тремпел, на пешачката патека покрај реката и хидроцентралата се поставени десетина информативни табли, кои им објаснуваат на децата како водата се „позајмува“ и враќа во коритото, што е еко-проток и како функционираат рибните премини. Слична е сликата и кај хидроцентралата Руполдинген на реката Ааре, каде операторот организира посети со едукативни цели, а има и панели со мерни сензори и информации за безбедност покрај водата. Патеките се поставени на мостови, видиковци и пристапи до реката, а содржината е наменета за школски групи. При посетата им задаваат и задачи за децата за намалување на домашната потрошувачка, прават мини-експерименти со турбини, квизови и акции за чистење на бреговите. Така, МХЕ во заштитени подрачја стануваат алатка за едукација со која децата учат истовремено да ја користат енергијата одговорно и да ја чуваат природата.

Евро-зум: МХЕ во заштитени зони само кога се „слуша“ и реката

Изградбата на модерните run‑of‑river централи, овозможува да се користи минимален зафат и водата веднаш да се врати коритото. Тоа овозможува постојан еко‑проток.Ваквиот пристап овозможи во Австрија повеќе од 40% од МХЕ да се наоѓаат во национални паркови, каде инвеститорите мораат да обезбедат и автоматски сензори за ниво на кислород, температура и миграција на риби. Овие податоци се поврзани со јавната база на податоци. Автрија има над 4.000 мали хидроцентрали, како дел од националната мрежа на поттикнување на обновливи извори, и сите се уловени да го запазат минимален еколошки проток.

 

Слична е состојбата и во Швајцарија каде ревизорски тимови еднаш годишно ги калибрираат мерните уреди во малите хидроцентрали. Ако протокот падне под биолошкиот минимум, турбините автоматски се гасат.Повеќе од 1.400 мали хидроцентрали произведуваат околу 3.7 TWh годишно, што е околу 10 отсто од швајцарската хидро-производство, со строги услови за остаточен протек и рибна миграција.

Норвешка наликува на еропски рај за малите проекти и во 2025 година на нејзината територија под строго регулирани правила работат 1.451 мали хидроцентрали. Хидропотенцијалот се искористува и во Германија, Франција и Шпанија, но со многу регулација за работењето на хидроцентралите.

„Мали хидроцентрали, да или не?“ – е погрешно прашање

Кај нас дебатата за МХЕ често е оптоварена со недоверба. Погрешно се поставува прашањето каде одговорот е „да“ или „не“. Туѓите искуства покажуваат дека правилното прашање би било „како“ – со дефинирана рамка, еколошки проток и јавен мониторинг, со што ќе се сведат и ризиците на минимум.

Конкретно за Македонија неискористениот воден потенцијал може да помогне значајно да се намали увозот на електрична енергија. Според истражувања на медиумот Блумберг Адриа (Bloomberg Adria), во првите шест месеци од 2025 година увозот на струја бележи значителен раст. Поради намалено домашно производство за 6,95% во однос на истиот период лани, во периодот од јануари до јуни државата потрошила над 194 милиони евра за увоз на струја. Сума која е многу блиску во 200 милиони евра, колку што потроши за цела 2023 година. Лани целиот увозот изнесуваше 260 милиони евра.

Може да се очекува дека увозната струја ќе продолжи да расте, бидејќи е намалено и производството на евтината енергија од нуклеарните централи. Високите жешки бранови, влијаат на ладењето на нуклеарните централи и поради опасноста од инциденти, операторите ги исклучуваат. Студиите покажуваат дека прекините предизвикани од временски услови за периодот 2010–2019 се за трипати повеќе отколку во периодот 1990–2009.

Поентата е јасна, климатската нестабилност ѝ ја одзема на Европа удобноста на предвидливо произведената електричната енергија.  Токму затоа, секој киловат-час што можеме да го произведеме паметно и под јасни еко-правила дома,  вклучително и од мали хидроцентрали со јавен мониторинг и строг еко-проток, вреди двојно: и за сметката, и за сигурноста со снабдувањето.

Најнови вести од: Македонија

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

„Одговорноста не застарува“, реагира на изјавата на Заев, Јане Ченто – осуден за „27 април“

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.

Имал луксузно возило „Порше“ и без око да му трепне возел без дозвола

Како што соопшто МВР, ноќта кон неделата, околу 00:20 часот по полноќ на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. од село Требош кој управувал луксузно возило „Порше“ без возачка дозвола.

Минчев: Tехничка влада уште за следните парламентарни избори, па се укинува

Измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓаат во завршна фаза. Предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостување во ТВ Сител.

МО: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес! Да не се нарушува угледот на Армијата на Македонија!

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од заразната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана на Република Македонија информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, заради манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата на Република Македонија.

Ѓорѓиевски: Булеварот „Македонија“ ќе ја отвори вратата кон нашето современо и безбедно Скопје! (Видео)

„Засилено и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон современо и функционално Скопје!“ – порача преку својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски.

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Манасиевски: Милион евра од државата само за 2 месеци потрошиле СЈО, Заев и Шеќеринска, специјални гости кај Јанева!

„Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.  ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Најнови вести

To top