Македонија

Дваесет лица под истрага, осомничени дека му нанеле штета од 4,8 милиони евра на буџетот!

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.

Во официјалното соопштение на обвинителството се наведува: Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа. Врз основа на ова ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари, или 4,8 милиони евра.

Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари. Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари. Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот на РМ од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител ценејќи ги околностите утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор, додека за две лица истата е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РМ. За останатите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство меѓу кои и забрана за вршење на работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РСМ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: „Безбеден град“ почнува од 1 февруари – Во рамки на редовни средби со лидери на партии ќе се сретнам и со Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека вчера во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што беше најавено по лидерската средба во средата, туку само изјави дека одржува средби со лидерите на повеќе политички партии и оти во тие рамки би се одржала и средбата со Ахмети.

Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ја запали сопругата и ќе ја убие со двете ќерки, му нашле автоматска пушка и над 70 куршуми

Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, држел автомат STEN MKII кој им е целосно забранет на граѓаните, како и 71 куршум муниција со калибар 9 мм соодветна за испукување од тоа автоматско оружје.

Колективна оставка на раководството на АА на „вртикапецот“ Таравари, кој сега вели: Немаме ништо заедничко со ДУИ и Ахмети!

Арбен Таравари лани за ДУИ имаше кажано дека се „рак за општеството“ и оти им треба ресетирање“.Алијанса за Албанците се подели на два дела, токму поради несогласувањата за соработка со ДУИ. Таравари го сметаше како „предавство“ чекорот на Зијадин Села да се здружи со ДУИ. Но во почетокот на мај во 2025 година Таравари поднесе оставка од позицијата министер за здравство и заедно со неговото крило во АА излезе од Владата и премина на страната на Али Ахмети и ДУИ и со нив започна соработка како опозиција, настапувајќи заенички на локалните избори со катастрофален резултат. Арбен Таравари во 2023 година имаше кажано дека „Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и треба да отиде поскоро во пензија“, во 2025 година имаше неколкумесечни тајни преговарања со истиот Ахмети заради стапување во „опозициски брак“, а сега во оваа 2026 година пак „ја врти капата“ и изјавува категорично „немаме ништо заедничко со ДУИ, ништо, имаме своја стратегија“!

Најнови вести

To top