Македонија

Движењето „Арберија“, нов политички субјект во Македонија

Ќе било повеќе од политичка партија, изјавија основачите вчера

 

 

Меѓу основачите на Движењето чија цел ќе биде целосна рамноправност на Албанците се поранешните пратеници на Демократската партија на Албанците (ДПА) Беким Фазлиу и Мерал Ферати и многу други

Беким Фазлиу вчера рече дека партијата нема да има претседател, туку ќе ја води управен совет составен од 9 члена но според статустот тој може да се прошири на 15 члена.
Управниот совет ќе функционира како заедничко колегијално тело со консензус.

„Целосна рамноправност на Албанците, правично спроведување на Охридскиот договор кој треба да се спроведе правилно како што го потпишаа Арбер Џафери, Имер Имери и другите што го предизвикаа конфликтот во 2001 година, а не договор што другите го склучија за да се пазарат за свои лични придобивки“, рече на основањето Фазлиу.

Тој го нарече Движењето Арберија повеќе од политичка партија.

„Штом го формиравме основачкото собрание на Движењето Арберија, тоа не е организација во вообичаената смисла на зборот, тоа не е политичка партија, тоа е многу повеќе од политичка партија, тоа е организација на граѓани, тоа е организација на Албанци, тоа е совеста на Албанците што се јавува како потреба на времето, како реакција на злото и како добро што недостасува. “, рече Фазлиу.

Најнови вести од: Македонија

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top