Македонија

Еден не дојде на средбата на Гаши со екс-претседателите на Собранието

Претседателот на Собранието денеска се сретна со поранешните претседатели на законодавниот дом, имено Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски

 

 

Актуелсиот собраниски спикер Африм Гаши, во објава на Фејсбук, објави дека ова била посебна средба, прва од ваков вид, со институционален карактер, каде што споделиле вредни искуства и идеи за иднината на Собранието како важна институција на државата.

Но на фтографиите споделени на Фејсбук забележително е отсуството на Талат Џафери…

„Претседателот Гаши информираше дека на средбата било предложено да се создаде неформален совет каде што ќе се разменуваат идеи и искуства без политичко влијание.

„Разговаравме за реформите и процесите насочени кон тоа Собранието да стане понезависно, потранспарентно и поефикасно во извршувањето на своите функции. Се согласивме дека искуството на поранешните претседатели на парламентите е предност за институцијата, затоа беше предложено создавање неформален совет, каде што можат да се разменуваат идеи и искуства без политичко влијание, во корист на Собранието и парламентарната демократија.

Искрено им се заблагодарив за нивното учество и подготвеност за соработка. Собранието секогаш ќе остане заеднички дом за сите граѓани и место каде што политичките процеси се развиваат со достоинство и одговорност“, вели Гаши во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

To top