Македонија

Екс министерка на Заев се распаднала кога заминала од функцијата (ВИДЕО)

Изјава за личен распад по заминување од високата државна функција на министерката на Заев

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска Станков (позната и како Нина Групер) отворено призна дека „се распаднала“ по напуштањето на функцијата. Во најава за гостувањето во емисијата „Бизнис класа“ на YouTube-каналот на Мишко Иванов, таа искрено сподели:

„Се распаднав, кога заминав од министерство за финансии.“

Ангеловска, беше првата жена министерка за финансии во историјата на земјата. На функцијата стапи на крајот на август 2019 година во владата на Зоран Заев, откако Собранието ја избра со 64 гласа „за“. Мандатот ѝ траеше до крајот на август 2020 година, кога ја наследи Фатмир Бесими.

На 22 години ја кооснова платформата Grouper.mk – првата македонска онлајн платформа за групни попусти и водечка компанија за е-трговија. Дипломирала како најдобар студент на генерацијата на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (успех 9,94), а во 2016 година докторирала во областа на менаџмент. Била претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ја добила престижната награда Forbes 30 Under 30 во категоријата е-трговија и малопродажба за Европа. Подоцна Grouper беше успешно продаден, а таа продолжила кариера во меѓународниот бизнис развој, вклучително и во српската платформа Ananas.

За време на нејзиниот мандат се појави и аферата поврзана со Еуростандард банка.

Опозицијата и дел од јавноста ја обвинуваа дека ги повлекла своите лични депозити во последен момент, непосредно пред стечајот на банката, додека многу штедачи останаа оштетени. Ангеловска ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека дел од средствата уште претходно биле префрлени во инвестициски фонд, а дел ги искористила за купување стан, и дека сите нејзини средства биле уредно пријавени.

Во интервјуата и јавните настапи Ангеловска често зборувала за предизвиците на преминот од приватен сектор во јавна функција – високиот стрес, притисоците, лажните вести и тешкотијата да се спроведат промени одвнатре. Изјавата за „распаѓањето“ по напуштањето на министерството се вклопува во тој контекст на интензивниот период на функцијата, кој вклучуваше и кризата со Ковид-19.

Во меѓувреме, таа ја објави книгата „Ништо случајно“, во која ги опишува патеките зад јавните успеси – од основање стартап до министерска позиција, вклучително и личните дилеми и лекциите што ги научила.

Видеото на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Бронзен медал за македонскиот тим на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика во БиХ

Вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави.

To top