Македонија

Екс премиерот од СДСМ се јави, навистина се јави

Тој посочи дека и покрај донесениот закон, цените на храната бележат двоцифрен раст

🎙️ Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за економија Бесар Дурмиши кои се однесуваа на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики.

Тој посочи дека и покрај донесениот закон, цените на храната бележат двоцифрен раст, а на терен се забележуваат сериозни отстапувања и драстични разлики во цените на идентични производи.

Ковачевски побара конкретни мерки со утврден рок за доследна примена на законот, како и одговор дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за да се справи со нефер трговските практики на големите супермаркети.

Според него, без ефективна контрола, законот останува само формална алатка, додека товарот од зголемените цени го плаќаат граѓаните.

Целото обраќање на линкот

https://sdsm.org.mk/soopstenija/107713

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Со подземната сообраќајница ќе се намалат за најмалку една третина метежот и сообраќајниот хаос во Скопје

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека булеварот „Македонија“ е еден од најсериозните капитални проекти за градот, којшто било кога во минатото е започнат да се реализира.

Јанкуловски: Филипче е очајник кој има проблем со лидерство (ВИДЕО)

Не ме изненадува, повторно да се повикува меѓународната заедница ‘слушајте ние имаме режим’, сите имаме режим помалку или повеќе, меѓутоа да го споредувате со овие држави (Иран, Венецуела) повик е на очајник, човек што не знае што да прави во политика, вели професорот

To top