Македонија

Ексклузивно: Американската православна црква ќе ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Признавањето ќе се случи на сослужение меѓу двајцата поглавари, кое ќе се одржи во катедралата Свети Никола на Митрополитот Тихон во Вашингтон

Во ексклузивната информација од САД се вели дека Американската православна црква ќе ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија под нејзиното уставно име без никакви задршки или услови.

 

Одлуката била донесена на посебна седница на 21 мај 2025 година, кога Светиот синод на Православната црква во Америка одлучил, со непосредна одлука, да ја признае каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, дознава expres.mk.

 

Со одлуката се потврдува целосната заедница на американската црква со архиереите, свештенството и верниците на МПЦ-ОА.

 

Оваа вест до православната екумена ја пренесол Неговото Блаженство Митрополитот Тихон во неговиот извештај од 15 јули 2025 година.

 

Извештајот е поднесен пред 21-от Сеамерикански совет на Американската православна црква кој се состанува оваа недела во Феникс, Аризона.

 

Одлуката на АПЦ доаѓа на барање на Неговата Светост Патријархот Српски Порфириј, кој, во официјална кореспонденција со Неговото Блаженство Тихон, побарал Православната црква во Америка, во согласност со Томосот доделен од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

 

Според информациите од САД во моментов кабинетите на Митрополитот Тихон и Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Македонски Стефан,  планираат сослужение меѓу двајцата поглавари, кое ќе се одржи во катедралата Свети Никола на Митрополитот Тихон во Вашингтон.

 

Ова сослужение, како што Митрополитот Тихон го информирал Сеамериканскиот совет, ќе биде крунисано со формално признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, која го зазема своето место покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква.

Најнови вести од: Македонија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

To top